Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.

Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.