Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот во Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец С.Ѓ.

Претходно, тој  бил пријавен од 42-годишниот Л.Б. од гостиварско Мало Турчане дека на Интерното одделение во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил вработен, физички го нападнал.

Гостиварецот С.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, а се барал, исто така, и поради сомнение за негова инволвираност и во кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.