Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат неопходните мерки и активности за расчистување на пријавениот напад во текот на вчерашниот ден врз вработена во младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно кога, според пријавеното, едно лице упатувало закани и навреди кон вработената.
МВР во координација со Обвинителството презема и мерки и активности за случаите на говор на омраза кон вработени во организацијата „Хера“. Најостро ги осудуваме ваквите појави и ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во најблиската полициска станица или на мејлот [email protected], а ние во координација со Обвинителството ќе ги преземеме неопходните мерки и активности за соодветно санкционирање – се вели во соопштението.
Од МВР посочуваат дека има нула толеранција кон заканите за безбедноста на било кој граѓанин и континуирано преземаат мерки за санкционирање на ваквите појави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.