Најмалку седум лица загинаа, а многумина се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03:15 часот на автопатот А94 во Баварија.

Меѓу повредените има и деца.

Несреќата се случила кога возачот на комбе со повеќе од 20 луѓе забрзал бегајќи од полициска контрола. Полицијата во Розенхајм наведува дека некои од повредените се во тешка состојба.

Несреќата се случила кога федералната полиција сакала да провери комбе кое одело за Минхен. Но, возачот наеднаш забрзал и излетал од автопатот на излезот за Ампфинг, по што се случила трагедијата.

„Во возилото имало и деца кои исто така се повредени“, изјави портпаролот на полицијата.

На местото на несреќата дежураат екипи на Брза помош и противпожарна единица. Повредените се пренесени во најблиската болница.

Автопатот е целосно затворен во правец на Минхен и Пасау.

Само пред неколку месеци, да потсетиме, седум лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи на патот Б247 во централна Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.