СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја почне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.