Полициски службеници на СВР Тетово во текот на минатата година на поширокото тетовско подрачје вкупно санкционирале 505 возачи кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол или 37 повеќе во споредба со претходната година.
Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, во кои се предвидени парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираноста.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува и им укажува на возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторни возила или ако веќе консумирале да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите и недоволно искусни возачи-почетници, но и воопшто. Лани поради вакви или други пропусти и недостатоци биле исклучени и 453 возачи- почетници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Глобата за оние кои одбиле да се алкотестираат изнесува 500 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.