Вчера во 15.00 часот на улица „Црнотравска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Х.Б. (27) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон возилата и возачите кои поминувале и се обидел да фрли тврд предмет кон возилата, но бил спречен од полициски службеници.

Од СВР Тетово велат дека по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.