На автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, синоќа во 19.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.