Лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. При тоа во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски ќеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати, велат од Царинската управа.

На Меѓународниот аеродром „Скопје“, вчера, запленети се над 43 килограми златен накит. Како што информираат од Царинската управа станува збор за рекордна заплена на златен накит чија вредност се проценува на околу 2,3 милиони евра.

„По претходни сознанија и основан сомнеж лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. При тоа во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски ќеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати“, рече на денешната средба со новинарите Славица Кутиров, директорка на Царинската управа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.