Кавадарчанец во полициска станица пријавил измама од лице од Скопје за 28.600 денари, соопштија од СВР Велес.

Во Полициската станица Кавадарци, 42-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 28.600 денари. Според пријавеното, пред два и пол месеци тој се договорил со лицето да му помогне да добие работна виза за Англија, по што му ги дал парите – појаснија од СВР Велес.

Како што било пријавено, тој не добил виза, а не му биле вратени ниту парите, по што се посомневал дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.