Жител на неготинско село физички ја нападнал ќерката, кавадарчанец се заканувална сопругата, двајцата биле лишени од слобода, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Вчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42) од неготинско село затоа што претходниот ден, по кратка расправија со неговите родители, сопругата и децата, физички ја нападнал неговата ќерка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – соопшти Самарџиев.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.А.(32), затоа што и се заканил на неговата сопруга. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера исто така, во Полициската станица Кавадарци, 47-годишна жена од Кавадарци пријавила дека на 11 септември околу 17.30 часот, во дворот од семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сосед А.М.. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.