Јавното обвинителство заорганизиран криминал и корупција денеска излезе пред јавноста со тврдење дека не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија и радиологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија.

Обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска рече дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите и дека засега нема да се бара притвор за уапсените поранешни директори Нино Васев и Нехат Нухи, туку само мерки за претпазливост.

Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Таа кажа дека спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата. Прегледани се повеќе од 500 истории, а повеќе од 25.000 електронски записи на пациенти.

Тоа не значи дека е кратена или не е давана терапија, бидејќи во овој момент такво нешто не се докажа. Ова значи, народски кажано дека е требувана вишок терапија на име на пациентите. Раздолжувана е терапија повеќе од тоа што треба пациентите да го примат. Биле издавани (препишани) скапи лекови од новите генерации на имуно терапија на ден пред смртта на пациентот – а ова значи дека кога веќе било очигледно дека од апликацијата на таквиот лек дека нема да има бенефит поради статусот на пациентот, тие биле давани. Дали се дадени или не се дадени ние не можеме да тврдиме“, додаде обвинителката.

Од она што денеска беше сумирано пред јавноста, пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Васев се сомничи за седум кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.

Медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од ФЗОМ во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство. Васев се гони за седум злоупотреби оти направил седум јавни набавки без објавување на оглас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.