По низата на пријави на работодавците низ Македонија дека нивни работници по потекло од Непал без збор ги напуштиле работните места и престојувалишта, таква пријава стига и од Охрид.
Вчера во 11.35 часот во СВР Охрид, В.С.(43) од Охрид пријавил дека пет негови вработени лица од Непал, со привремен престој во Охрид, на возраст од 19 до 27 години, се оддалечиле од местото каде што престојувале, соопшти МВР.
Од таму преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.