Сцена како од филм се случувала вчера попладне на автопатот Скопје-Велес: непознати напаѓачи, кои се возеле во „Голф“, пукале кон друго возило, соопшти МВР.
Никој не е повреден во инцидентот.
На 07.02.2022 во 17.10 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека на автопатот Скопје-Велес лица кои биле со патничко возило „фолксваген голф” пукале кон возило во кое се превезувал тој. Повредени лица нема и нема оштетување на возилото, се вели во полицискиот билтен.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.