Лице вработено во Институтот за јавно здравје во Скопје, вчера од засега непознати причини ги исклучило фрижидерите во Институтот каде што се чувале реагенсите за заразни и за незаразни болести, соопшти МВР. Јавното обвинителство соопшти дека итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело.
Вчера (31.07.2024) околу 17 часот, во СВР Скопје било пријавено од Институтот за јавно здравје дека во временскиот период од 14:30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, кажа МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.