Четири лица се степале на паркингот на трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Причината била сообраќајна незгода, во која автомобил удрил во 16-годишен пешак. Тој е со лесни повреди. Поради сообраќајната несреќа, настанала тепачката – поради што интервенирала брзата помош.
Било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија за сообраќајна незгода, во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М. Г. (28) и Б. Е. (27), од една страна, и Х. Ј. (21) и Р. И. (49), од друга страна, сите од Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.