Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица, е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра. Акцијата ја спровело Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција.

Тоа лице посредувало за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници. Извршен е претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола.

Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.