Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево информираше дека поднело кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за двајца демонстранти на протестите против францускиот предлог. Двајцата се пријавени за делото учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Во еден од случаите, станува збор за кривична пријава за 18-годишното момче за кое полицијата претходно во текот на денот информираше дека го привела, а кое на протестот во вторникот фрлало молотови коктели кон полицајците и зградата на Собранието.
„На 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РСМ. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред судија на претходна постапка“,велат од МВР.
Другата кривична пријава е за 22-годишно момче од Скопје кое денеска било лишено од слобода. Тоа на протестите вчера фрлало со тврд предмети кон полицајците при што повредило еден од нив.
И ова момче денеска е изведено пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.