Хеликоптер на МВР денеска исфрли вкупно 83 тони вода во гаснењето на пожарите кај Кочани и Маврови Анови, информира Министерството за внатрешни работи.

Хеликоптерот „Ми -171“ од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови. Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода, се вели во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.