Ученик во деветто одделение во основното училиште “Даме Груев” во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пренесува велешкиот портал Дума.мк.
Моето 14 и пол годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември годинава дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници. Му удирале фиски по главата, му го уништувале училишниот прибор и му го фрлале низ прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам, раскажува таткото на малтретираното дете, кое поради страв од насилниците веќе три недели не оди на настава.
Тој го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес. Случајот не е заведен во полицискиот билтен.
Родителот на детето е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.
Повеќе ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.