Вчеравечер во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.