Вчера околу 16.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с.Велешта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.К.(61) од с.Долно Дупени, ресенско и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.И.(30) од с.Велешта, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фолксваген кеди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Х.Х.(66) од с.Велешта.

По несреќата, мотоциклистот А.И. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.