Уапсен е 26-годишник од Виница  кој ја претепал и силувал својата 20-годишна вереница, информираа од МВР.

Како што соопштија оттаму, полициски службеници од Полициската станица Виница во средата го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина.

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.