Вчеравечер околу 23.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Зубово кон село Ново Село, струмичко, А.П.(21) од с.Зубово, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица, соопштија од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.