СВР-Битола информира дека е утврден идентитетот на лицето кое утрово во тешка сообраќајна несреќа на местото наречено „Кукуречанска раскрсница“ го загуби својот живот.

Станува збор за В.Н. (24 г.) од Битола кој починал во несреќата во која патничкото возило „опел корса“ се запалило, а телото на возачот било опожарено.

Утрово во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Ресен, во близина на Кукуречанска крстосница се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со приколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Штип и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(24) од Битола. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, по што починал, соопштија од СВР-Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола како и дежурен обвинител од Основното јавно обвинителство кој наредил да се изврши обдукција на починатиот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.