Вчера во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај с.Ново Село, Кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.