Едно лице загина на лице место во тешката несреќа што околу 3 часот утрово се случи во Волково.

Како што соопшти МВР, во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„60“ и ул.“58“ во с.Волково, скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.