Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од тетовкото село Ѓермо. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде потоа починал.

Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот бил пријавен на 2 ноември 2024 година.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.