Млад кумановец загина, а друго лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи два и пол часа по полноќ, на улицата „Тоде Думба“ во поширокото централно градско подрачје, соопшти СВР Куманово.
Автомобилот „пежо“ во кое се возеле двајцата, удрило во ограда и паркирано возило.
Утрово во 02:36 часот на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале 26-годишниот П.П. и 29-годишниот Н.С. удрило во ограда и паркирано возило.
На местото на несреќата починал П.П. Лекар од Итната медицинска помош Куманово констатирал смрт – соопштија од СВР Куманово.
Докторите од кумановската болница констатирале телесни повреди кај Н.С. Екипа на кумановската полиција извршила увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.