Како на оваа наша политика и држава не ѝ е срам секоја година да ни горат цели планини, илјадници хектари шуми, да се загрозени човечки животи и имот, и вечно некој од соседите да долетуваат напомош, коментира Ивор Мицковски.

Оние претходнине идиоти 7 години сервисираа 3 ертрактори, сега едвај ги вратија пилотите.
Гасиме со два полициски и некој воен хеликоптер.
Беда, мизерна бедотија, ако споредиш со пропорциите на криминал, бенефиции и привилегии кои ги ужива политиката и клиентелистичкото општество.
Абе стварите што се важни за сите коштаат, се вика безбедност, јавен интерес, дури и државен интерес, и не може да се немаат средства за опрема и вработени.
Ете тоа парите на Орбан дајте на два канадери и решете проблем еднаш заувек.
Проблем е што уште малце ќе снемаме и езера, па ќе ги полниме изгледа од депонии, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.