Во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат. Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено, информираат оттаму.

Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.