МВР соопшти дека полициски службеници, при преглед на товарно возило пред наплатната станица Демир Капија, пронашле 19 мигранти од Непал.

Во 09.45 часот на автопатот Градско – Демир Капија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го напуштил местото, информираат од МВР.

Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.