Мелиса Захитовиќ,образовен Асистент во училиштето ОУРЦ ИДНИНА, на Фејсбук се пожали дека на 28 април, околу  18:30ч во Петровец доживеале брутален физички напад од соседот. 25 годишната девојка и нејзината мајка која е во лоша состојба.

Со години трпиме психичка тортура и константни закани по живот од соседот, неговиот поголем брат и останатите членови од фамилијата.Насилникот кој мене и мојата мајка физички брутално не нападна во мојот двор на 27.04. 2023г., удирајќи не со тупаници и со нозе, влечејќи не за коса и удирајќи не со стопалото во лице, Е НА СЛОБОДА И СЕ ШЕТА СЛОБОДНО!!!!Уште колку лица треба да бидат физички нападнати од тој монструм, за оваа држава да реагира?? – прашува Мелиса



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.