Под мотото „Слобода, правда и еднаквост“ во Скопје се одржа протестен марш за сега починатиот Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна казна затвор во случајот „Алфа“, објави „Слободен печат“.
Протестот започна од плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија, а заврши пред канцеларијата на Европската Унија.
Ја информираме меѓународната заедница за случаите што се случија. Овие случаи се монтирани. Смртта под сомнителни околности на Реџаил Ќерими, неговиот случај и други случаи нема да заврши тука. Нашите повици се упатени до меѓународните институции за меѓународна истрага, изјави Нагип Јонузи, еден од организаторите на протестот.
фото и видео: Слободен печат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.