Вчера во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес, удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.