Вчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бессознание.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија.

Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.