Секторот за внатрешни работи-Охрид, информираше дека во Дебар е пронајдено лице-жител на долнореканското село Требиште, кое претходно било пријавено за исчезнато.

Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи- Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, општина Маврово Ростуше. Тој на 4 септември годинава беше пријавен дека се оддалечил од домот, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Исто така информираше дека вчера пола час по полноќ во ОВР-Дебар е пријавено дека во казино на главната улица „8 Септември“ во Дебар, З.Л. од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените и присутните гости.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.