Четириесет и петгодишниот Ф.А. од тетовска Голема Речица, вчера во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути во близина на тетовско средно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од И.А., татко на негов соученик.

Според пријавеното, тој претходно имал вербални недоразбирања со синот на напаѓачот, кој му се заканил и со остар предмет, соопштуваат од СВР Тетово, од каде велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.