Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 10.15 часот го лишиле од слобода Б.Т.(48) од Неготино, полошко, кој десетина минути пред тоа
бил пријавен дека агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште во Неготино, во кој бил сместен Секторот за урбанизам.

Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот.

Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи.

Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.