Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

Oд МВР информира дека тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето. Притоа, појаснуваат од МВР, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето.

Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.