Вчера во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед „томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани.
По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.