Полициски службеници на ГП Табановце констатирале непочитување на законите кај две патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило – комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека Државниот инспекторат за транспорт изрекол соодветни санкции за возачите и правните лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.