Двајца прилепчани и еден демирхисарец се уапсени во Битолско поради крадење дрва.
На 07.09.2022 на три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од с. Белче, демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација – информираат од МВР.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.