Двајца словенечки државјани се тешко повредени во сообраќајна несреќа во на патот Ресен – Битола, кога со мотоцикл „хонда“ удриле во „фолксваген“ со скопска регистрација.

На 07.09.2022 околу 08.00 часот пријавено е дека на крстосницата од магистрален пат А-3 Ресен-Битола со крак од регионален пат Макази-Маркова нога се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(67) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со словенечки национални ознаки, управуван од Ф.С.(60) од Р.Словенија, на кој сопатничка била Б.К.(56) од Р.Словенија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и Б.К., кои им се констатирани во Клиничка болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Ресен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.