Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини (55) бил физички нападнат вечерва од неколку маскирани лица во скопскиот ресторан Балканика, јави телевизијата Алсат.

Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.