Двајца малолетници од Кочани во полициска станица признале дека вчера извршиле две тешки кражби и една во обид. Украденото им е вратено на сопствениците, а против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29 јануари годинава на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичарница, од каде се одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.