Еден малолетник и еден 29-годишник, двајцата од Скопје биле уапсени поради поседување марихуана.

На подрачјето на Аеродром на 25.10.2022во 21.30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

нешто помалку од еден час претходно, скопјанец со марихуана бил уапсен и во Гази Баба.

На 25.10.2022 во 20.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(29) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.