Вчера околу 20 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, на излезот од селото Неготино, патничко моторно возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од малолетник од гостиварско Сенокосе, излетало од коловоз и удрило во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски ознаки, сопственост на жител од Неготино.
Во несреќата, возачот се здобил со телесни, а неговиот малолетен сопатник од истото село со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.