Вчера околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.