За малолетник од село Житоше поднесена е пријава до ОЈО Прилеп за лажно пријавување кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

Од својот мобилен телефон вчера после 18 часот малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во село Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.